крои
кројат; крој, кројте; кроев, кроеја; кроел; кроен; кроејќи; кројав, кројаа и кроив, кроија; кројал и кроил; кројан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5603
1.
Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл.
Англиски:
tailor
Албански:
sajoj, pres për qepje
Крои палто.
Чевларот кроеше нови модели на сандали.
2.
Реже лозје, овошка; потсекува прачки, гранки заради подобар род.
Примери:
Тој го кроеше лозјето секоја година.
3.
Подготвува материјал, сече, реже по мера (греди, летви).
Примери:
Мајсторот ги кроеше гредите.
4.
Смислува нешто заради некоја цел.
Примери:
Тој со лукавство ми крои зло.
Крои планови.
Слично со:
планира (св. и несв.)
Изрази
Му крои капа - смислува нешто за некого.
Изведенки
кроење ср.
глаг. им.
глаг. им.