а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

купи

купат; купил; купен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 748
1. Добие во сопственост плаќајќи со пари.
Англиски: buy Албански: blej
Употреба: Економија
Примери:
Ти купив басма.
Купи пиперки од пазар.
Ја купи нивата.
Купи куќа на вересија.
2. Привлече на своја страна со мито, ласкање.
Англиски: bribe Албански: blej
Употреба: Пејоратив
Примери:
Ги купил судиите.
3. научи, усвои
Англиски: appropriate Албански: përvetësoj, blej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му го купи занаетот.
Изрази
Купи мачка во вреќа - купи непроверена стока.
Купи под рака - купи нешто што не е во официјална или легална продажба, скриено, тајно.