а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кујна

мн. кујни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 984
1. Просторија во стан, во угостителски објект итн. каде што се готви јадење.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Сите побрзаа кон кујната.
Таа влезе во кујната.
2. Начин на готвење, типични јадења (за одделен народ, регион).
Англиски: cuisine Албански: kuzhinë
Употреба: Гастрономија
Примери:
македонска кујна
вегетаријанска кујна
млечна кујна
3. Мебел со кој е опремена просторијата во која се готви.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Купивме нова кујна.
4. Подготвување, меcтење нешто во затворен круг, изведување некаква измама.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тоа е испланирано во некоја кујна.
Изведенки
1. кујничка ж.
мн. кујнички
дем.
2. кујниче ср.
мн. кујничиња
дем.