лице
мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 80
1.
Предниот дел од главата на човекот.
Примери:
човечко лице
Си го мие лицето.
Слично со:
образ (м.)
2.
Израз на умствена или душевна состојба; изглед (најчесто со придавска определба).
Примери:
црвено лице
весело лице
Слично со:
изглед (м.)
3.
единка, личност
Примери:
стручно лице
духовни лица
непознато лице
4.
Личност, лик, јунак во драмско, во уметничко дело.
Примери:
главно лице
5.
Надворешна, предна, горна страна на нешто.
Примери:
лице и опачина
лицето на земјата
Облечи ја кошулата на лице.
Спротивно од:
опачина (ж.)
6.
Обработена страна на нешто (платно, кожа, картон, плетало).
Примери:
Лицето на платното беше меко.
куќа со убаво лице
7.
Граматичка категорија кај заменките и глаголите со која се означува личноста која зборува (1. л.), соговорникот (2. л.) и личноста или предметот за кој се зборува (З. л.).
Изрази
Каже в лице - јавно, отворено.
Во лицето на - во некого, во нешто.
Како имаш лице! - Како не ти е срам!
Лице в лице - непосредно еден спроти друг.
Прави лице (некому) - лицемерно ласка, угодува некому.
Со две лица - изработено така да може да се употребува од двете страни (обично за ткаенина).
Со две лица - за тој што е непостојан, бескарактерен, превртлив.
Изведенки
лиценце ср.
мн. лиценца
дем. и хип.
мн. лиценца
дем. и хип.