Литература - категорија

лектира повеќе

(едн.) лектирата
Вид збор: Именка, женски род
Одбрана литература што треба да се прочита за определен период.
Англиски: reading
Примери:
Неговите дела се незаменлива лектира за милиони читатели.

лиризам повеќе

(едн.) лиризмот
Вид збор: Именка, машки род
Обележје на лирската поезија; лирската, чувствената, емоционалната содржина на едно уметничко дело.

лирик повеќе

Види и: лиричар (м.)
мн. лирици
Вид збор: Именка, машки род
лиричар
Англиски: lyricist

лирика повеќе

(едн.) лириката
Вид збор: Именка, женски род
Поезија во која се изразуваат личните, интимните чувства и мисли на поетот.
Англиски: lyric
Примери:
Читаше интимна, исповедна лирика.

лиричар повеќе

мн. лиричари
Вид збор: Именка, машки род
Писател, поет на лирска поезија.
Англиски: lyricist

лиричен повеќе

лиричниот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на лирика.
Англиски: lyric
Примери:
лиричен стих

литерат повеќе

мн. литерати
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со литература, главно со критика и со историја на литературата.
Англиски: man of letters
Примери:
Млади литерати.

лице повеќе

мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
Личност, лик, јунак во драмско, во уметничко дело.
Англиски: person Албански: personazh
Примери:
главно лице

личност повеќе

мн. личности
Вид збор: Именка, женски род
Лице, лик, карактер во книжевно дело.
Англиски: person Албански: personazh, protagonist
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч