а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

манир

мн. манири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6334
1. Начин на работа.
Англиски: manner Албански: sjellje, manir
Примери:
Во работата не треба да се користат тие застарени манири.
2. Начин на создавање уметничко дело.
Англиски: style Албански: stil
Примери:
Тој секогаш пишува со манир на голем уметник.
3. (обично во мн.) Начин на однесување, постапки.
Англиски: upbringing Албански: mënyrë, sjellje
Примери:
Со такви простачки манири нема далеку да стигне.
4. Претерана употреба или имитација на нешто.
Англиски: artificiality Албански: shtirje
Примери:
Во нејзиниот стил се гледа премногу манир, а премалку креативност.