а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагоре

Вид збор: Прилог
Ранг: 880
1. Насочено во височина, кон горе.
Англиски: upwards Албански: përpjetë
Примери:
Искрите летаа нагоре.
Гулабите се устремија нагоре.
Погледна нагоре.
2. Кон повисоко место, кон врвот.
Англиски: upwards Албански: përpjetë
Примери:
Одеа нагоре по падината.
Тргна нагоре низ шумата.
Со напор се искачуваа нагоре, кон врвот на планината.
Војската сновеше нагоре-надолу.
3. Кон изворот на реката.
Англиски: upstream Албански: kah burimi
Употреба: Географија
Примери:
По реката нагоре.
Изрази
Нагоре-надолу - во разни правци.