ограда
мн. огради
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1260
1.
Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа) оградено, одвоено од нешто друго во просторот.
Примери:
дрвена ограда
железна ограда
камена ограда
Оградата на бавчата се срушила.
2.
Заштита што се наоѓа на работ од скали, балкон, мост и служи како заштита.
Примери:
Покрај оградата на скалите нареди цвеќиња.
Се потпре на оградата од балконот.
Седна покрај оградата на мостот.
Слично со:
заштита (ж.)
3.
(обично во мн. - ограѓе) Ограден простор (нива, бавча, земја) што се наоѓа на периферијата на село или град.
Албански:
gardh
Во летните ноќи крадевме плодови по оградите.
Ги пушти овците по ограѓето.
4.
ограничување, сомневање, резерва
Примери:
Веќе ја немаше тајната ограда меѓу нас.
Неговата искреност ги предизвика да ја тргнат оградата што ги делеше.
Го прифати нашиот услов со извесна ограда.
5.
Круг околу месечината.
Примери:
Кога има ограда околу месечината, ќе се мени времето.
Изрази
Жива ограда - ограда од густо насадени грмушки.
Изведенки
огратче ср.
мн. огратчиња
дем.
мн. огратчиња
дем.