одглас
мн. одгласи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8080
1.
Одразен, повторен звук, глас.
Примери:
Слушна одглас на славеј.
Тишината ја нарушија одгласи на чекори.
2.
Слаб звук, глас што доаѓа оддалеку.
Примери:
Низ шумата се разлеа одглас на кавал.
До нас допреа одгласи на пукање.
3.
Реакција на нешто, одѕив, интерес.
Примери:
Книгата наиде на убав одглас.
Критички одгласи.