општествен
општествени
Вид збор: Придавка
Ранг: 503
1.
Што е сврзан со општеството, што се однесува на него.
Примери:
општествено уредување
општествени односи
општествени класи
општествена положба
Слично со:
социјален (прид.)
2.
Што се однесува на дејноста на луѓето во општеството.
Примери:
општествена организација
општествена контрола
општествена активност
општествен живот
Спротивно од:
приватен (прид.)
3.
Што му припаѓа на општеството, на cите.
Примери:
Тој имот е општествена сопственост.
Таму се предвидува изградба на голема општествена зграда.
4.
Што е наменет за заедничка употреба, за заедничко користење.
Примери:
општествени простории
Слично со:
заеднички (прид.)