социјален
социјални
Вид збор: Придавка
Ранг: 1096
1.
Кој се однесува на општеството, на животот и односите на луѓето во него; обусловен од поделбата на општеството на класи; породен од условите на определена средина.
Англиски:
social
социјални науки
социјален прогрес
социјални болести
социјални противречности
Социјален состав на населението.
Слично со:
друштвен (прид.)
2.
Кој се стреми кон изменување на општествените производствени односи.
Примери:
социјални борби
социјална револуција
Слично со:
општествен (прид.)
Изрази
Социјална помош - материјална поддршка определена од државата за лица и семејства што не се во можност да обезбедат егзистенција.