освои
освојат; освој, освојте; освоив, освоија; освоил; освоен; (ќе) освоев, (ќе) освоеја; (ќе) освоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3301
1.
Заземе, завојува, завладее територија, населено место и сл.
Примери:
Непријателската војска го освои градот.
2.
Прошири пазар.
Примери:
Во овој век кафето го освои светот.
Со нашиот квалитет и дизајн на сервисите за јадење го освоивме надворешниот пазар.
4.
Постигне висок резултат во спортот, во натпревар и сл.
Примери:
Планинарите го освоиле овој врв пред една деценија.
Тој ја освои велемајсторската титула во шах.
Освои еден бод.
5.
Придобие некого (публика, друштво).
Примери:
Тој ги освои и моите другари со својата контактибилност.
Оперската пејачка со својот глас ја освои охридската публика.
Поезијата на младата поетеса ги освои читателите.
Слично со:
придобие (св.)
Изведенки
1.
освојува несв.
освојуваат
освојуваат
2.
освојување ср.
мн. освојувања
глаг. им.
мн. освојувања
глаг. им.