а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

освои

освојат; освој, освојте; освоив, освоија; освоил; освоен; (ќе) освоев, (ќе) освоеја; (ќе) освоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3301
1. Заземе, завојува, завладее територија, населено место и сл.
Англиски: conquer Албански: pushtoj
Примери:
Непријателската војска го освои градот.
2. Прошири пазар.
Англиски: conquer Албански: zgjëroj
Примери:
Во овој век кафето го освои светот.
Со нашиот квалитет и дизајн на сервисите за јадење го освоивме надворешниот пазар.
3. Усвои, совлада процес на работа, на производство.
Албански: miratoj
4. Постигне висок резултат во спортот, во натпревар и сл.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Планинарите го освоиле овој врв пред една деценија.
Тој ја освои велемајсторската титула во шах.
Освои еден бод.
5. Придобие некого (публика, друштво).
Англиски: win Албански: fitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги освои и моите другари со својата контактибилност.
Оперската пејачка со својот глас ја освои охридската публика.
Поезијата на младата поетеса ги освои читателите.
Изведенки
1. освојува несв.
освојуваат
2. освојување ср.
мн. освојувања
глаг. им.