а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

писмо

мн. писма
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 216
1. Напишан текст пратен на друг за да му се соопшти нешто.
Англиски: letter Албански: letër
Примери:
Испратил писмо дека се враќа дома.
војнички писма, љубовни писма
(разг.) препорачано писмо
парично писмо, гарантно писмо
електронско писмо
придружно писмо, деловно писмо
акредитивни писма, отворено писмо
2. Писмо напишано на поштенска картичка.
Англиски: postcard Албански: kartolinë
3. Писмо што се објавува во печатот.
Англиски: letter Албански: letër zyrtare
Примери:
писмо до редакцијата
4. Систем од графички знаци за запишување.
Англиски: characters Албански: shkrim
Примери:
клинесто писмо, словенско писмо
арапско писмо, глаголско писмо
5. исправа, документ
Англиски: certificate Албански: çertifikatë
Употреба: Архаизам , Ретко
Примери:
мајсторско писмо
6. Начин на пишување.
Англиски: handwriting Албански: shkrimdore
Употреба: Архаизам
Примери:
ситно писмо
7. Умеење да се пишува.
Англиски: literacy Албански: shkrim
Примери:
Тој знае писмо.
Се учи на писмо.
Јак е на писмо.
Го ставил тоа на писмо.
8. (мн. писма) букви
Англиски: letter Албански: shkronja
Употреба: Архаизам
Примери:
Книгата била испишана со писма што никој не можел да ги отпее.