а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

повлече

повлечат, повлечам; повлечи, повлечете; повлеков, повлекоа; повлекол, повлекла, повлекле; повлечев; повлечеа; повлечел; повлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 803
1. Почне да влече.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Ранетиот го фатија и го повлекоа по тревата.
Коњот одвај ја повлече колата.
Локомотивата се огласи и ги повлече вагоните.
2. Тргне, потргне некого или нешто.
Англиски: pull Албански: shtyj
Примери:
Го фати за рака и го повлече.
Ја повлече завесата.
Го повлече чкрапецот на пушката.
3. Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе.
Англиски: take Албански: merr
Примери:
Го повлече надвор да поразговараат.
Нечии раце го повлекоа.
Мајката го повлече и го гушна детето.
4. Поведе по себе, привлече некого.
Англиски: involve Албански: mori me vete
Примери:
Сега со себе ќе повлече и други.
Ќе не повлечат и нас да влеземе во расправија.
5. Стане причина за нешто, за нечија постапка.
Англиски: cause Албански: shkak
Примери:
Љубопитноста го повлече да погледне.
Нешто го повлече да им се придружи.
Една грешка ќе повлече и друга.
6. Однесе, завлече со себе.
Англиски: drag Албански: dërgoj
Примери:
Толпата ги повлече и нив.
Поројот ја повлече сета нечистотија.
Водата не можеше да ги повлече тешките трупци.
7. Врати назад, отстапи.
Англиски: retreat Албански: tërheq
Примери:
По нападот командантот го повлече одредот.
8. Вовлече во себе.
Англиски: inhale Албански: mori me vete
Примери:
Запали цигара и повлече.
9. Обележи, означи, разграничи; направи линија.
Англиски: segregate Албански: veçoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Повлече бразда.
Повлече граница.
Повлече црта.
10. Откаже, објави за неточно, поништи важност на нешто (искажан збор, наредба, закон, предлог, кандидатура).
Англиски: deny Албански: heq dorë
Примери:
Се повлече од нејзиниот дел од наследството во корист на брат ѝ.
11. (се повлече) Се помести наназад.
Англиски: pull back Албански: u tërhoq
Примери:
Тој се повлече со рацете готови за одбрана.
12. (се повлече) Отстапи, се врати, прекине напредување.
Англиски: retreat Албански: u kthye
Примери:
Непријателот ноќта се повлекол.
Главнината на војската се повлече кон полето.
13. (се повлече) Престане да се шири, да се развива.
Англиски: diminish Албански: u tërhoq
Примери:
Водата се повлече во своето корито.
Болеста малку се повлече.
14. (се повлече) Се прибере во определен простор, објект.
Англиски: withdraw Албански: anuloj
Примери:
Војската се повлече во касарната.
Мажите се повлекоа да пушат.
Селаните се повлекоа по куќите.
15. (се повлече) Се откаже од својот став, тврдење, барање и сл.
Англиски: rescind Албански: anuloj
Примери:
Кога виде дека нема право, се повлече.
16. (се повлече) Се осами, се затвори во себе; престане да општи; да се дружи.
Англиски: withdraw Албански: anuloj
Примери:
По смртта на синот, се повлече и ретко можеше да ги видиш.
По неуспехот на изборите, се повлече од политиката.
17. (се повлече) Отстапи место на друг, се откаже од функција.
Англиски: retire
Примери:
Ќе се повлечам од политиката ако народот не одлучи поинаку и ако ми дозволува здравјето.
Изрази
Повлече нога - прв почне да прави нешто што се покажало добро и се презема од другите.
Изведенки
1. повлекува несв.
(се) повлекуваат
2. повлекување ср.
глаг. им.
3. повлечување ср.
глаг. им.