а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подржи

подржат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17653
1. Држи малку, кратко време.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Те молам подржи ми ја ташната за момент.
Бабата го подржи детето додека мајка му да му спреми јадење.
2. Задржи, во определена позиција.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Му ја подржа раката во својата.
Ја подржа раката на челото на детето и рече дека нема температура.
3. Задржи некого во одредена положба.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Таткото го подржаа во болница.
Ја подржа така застаната на вратата.
4. Истрае, држи некое време.
Англиски: keep Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Да подржи времето уште една недела, да завршиме со жетвата.
5. (се подржи) Се држи заемно еден со друг.
Англиски: hold Албански: mbaj, kap
Примери:
Се подржаа за рака една до две минути и засрамено се пуштија.
Изведенки
1. подржува несв.
подржуваат
2. подржување ср.
глаг. им.