поле
мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 605
1.
Пространа широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина.
Примери:
Долу се ширеше полето.
Нашата куќа гледа кон полето.
Слично со:
рамнина (ж.)
3.
Обработлива, засеана земја надвор од населено место.
Примери:
Со комбајни го жнеат родот од полето.
Полето роди добар род годинава.
Слично со:
нива (ж.)
4.
Дел од обработлива, засеана земја.
Примери:
Плодородот се дели на повеќе полиња и во секое поле се планира определена култура.
5.
Во спортот - простор каде што се одвиваат спортски активности, спортски терен.
Примери:
Фудбалско поле.
Ракометно поле.
Одбојкарско поле.
Во полето се сите играчи од двете екипи.
Слично со:
терен (м.)
6.
Во шахот - црно и бело поле.
Примери:
Шаховски полиња.
Шаховската табла има 64 полиња.
7.
Простор каде што се одвиваат воени активности.
Примери:
минско поле
бојно поле
Борбено поле.
8.
Што се однесува на вид, до каде што може да се гледа.
Примери:
Одеднаш му се намали видното поле.
Видното поле се намалуваше со првите знаци на ноќта.
Слично со:
видокруг (м.)
9.
Простор каде што дејствува некоја сила.
Примери:
гравитационо поле
електрично поле
магнетно поле
10.
Наоѓалиште, место со рудно и друг вид природно богатство.
Англиски:
field
Албански:
vend, fushë
нафтоносно поле
рудни полиња
Слично со:
наоѓалиште (ср.)
11.
Основа, подлога од боја врз која се пишува, се црта и сл.
Примери:
На белото поле наслика жена со дете.
На синото поле доцртуваше различни фигури.
12.
Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст.
Примери:
Во првото поле да се внесе лозинката.
Во првите три полиња дадени се резултатите од најмладата популација, во последното поле ги имаме збирните резултати од анкетата.
13.
Област, сфера, на некоја дејност во културата или во некоја наука.
Примери:
Доби награда на полето на литературата.
На полето на јазикот и на културата постигнавме многу.
Тој се истакна на полето на науката.
Широко културно поле за работа.
општествено поле
идеолошко поле
Изведенки
поленце ср.
мн. поленциња
дем.
мн. поленциња
дем.