поставка
мн. поставки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7459
1.
Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став.
Примери:
Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција на поезијата.
Теоретска поставка.
Слично со:
тврдење (ср.)
2.
Основно правило, начело.
Англиски:
thesis
Албански:
tezë, parim
Поистоветувањето на мислата и битието е основна поставка на учењето на старогрчкиот филозоф.
Слично со:
начело (ср.)
3.
Поставување на сцена, сценска обработка.
Примери:
Постои сценска разбиеност во режисерската поставка.
4.
Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба или во музеј според определен план.
Примери:
Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.