преземе
преземат; преземи, преземете; презедов, презеде, презедоа; презел, презела; преземев, преземеа; преземел; преземен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1087
1.
Земе, прими нешто предадено, отстапено од друг.
Англиски:
take over
Албански:
merr përsipër
Го презеде зборот од претходникот и почна да објаснува.
2.
Одземе нешто што припаѓа на друг.
Примери:
Армијата ја презеде власта.
3.
Прими, прифати нешто од некого, од некаде.
Примери:
Црвениот крст ги презеде бегалците.
Овие зборови се преземени од рускиот јазик.
4.
Пристапи кон реализација на нешто, се зафати со нешто.
Примери:
Централната банка ќе преземе мерки против инфлацијата.
5.
Симне, прими, прифати програм или датотека од компјутер.
Примери:
Преземи програм!