а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

примеса

мн. примеси
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 13060
1. Материја што е додадена, смешана во друга.
Англиски: additive Албански: shtesë
Примери:
Нивната ароганција е засилена со националистички примеси.
2. Тоа што е додадено кон нешто, а што се изделува од него по својата природа.
Англиски: additive Албански: shtesë
Примери:
Неговиот говор е со примеси на изрази од црковниот јазик.