а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

провлече

провлечат; провлечи, провлечете; провлеков, провлекоа; провлекол, провлекле; (ќе) провлечев, (ќе) провлечеа; (ќе) провлечел; провлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6333
1. Пушти некого да се влече кратко време.
Албански: tërhek
Примери:
Детето се провлече на некој каиш низ собата.
2. За некаква работа - ќе продолжи повеќе од вообичаеното.
Англиски: protract Албански: zgjas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја провлече работата и сѐ пропадна.
Многу ја провлече песната.
3. (се провлече) Се пробие низ луѓе, низ тесен отвор.
Англиски: squeeze through Албански: depërtoj
Примери:
Се провлече низ непријателскиот обрач.
4. (се провлече) Одвај успее во нешто незаслужено, без труд, без работа.
Англиски: slip through Албански: fitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не учеше многу, но се провлече на испитот.
Пуста страв, мислиме дека ако нема закон за медиуми полесно ќе се провлечеме под стегите на власта.
5. (се провлече) Се продолжи повеќе од вообичаеното.
Англиски: protract Албански: vazhdoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се провлече долга ноќ, како да беа споени две ноќи.
Изведенки
1. провлекува несв.
(се) провлекуваат
2. провлекување ср.
глаг. им.
3. провлечува несв.
(се) провлечуваат
4. провлечување ср.
глаг. им.