програма
мн. програми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1976
1.
План и цел на работа што претстои и што треба да се изврши во некоја дејност.
Примери:
Договорената програма потполно се реализира.
Програмата за оваа година е повеќе од амбициозна.
Слично со:
план (м.)
2.
Основна содржина и цели на дејноста на политичка партија, општествена организација, на влада, орган на државната власт.
Примери:
политичка програма
Програмата на партијата ги опфаќа сите сфери на современото живеење.
3.
Краток преглед на содржините и целите на наставен предмет.
Примери:
наставна програма
програма по географија
Слично со:
курикулум (м.)
4.
Распоред по кој ќе се изведуваат точките на приредба, концерт, манифестација итн.
Англиски:
schedule
5.
Преглед, попис на емисиите на радио и телевизија.
Англиски:
programme
Според програмата предвидено е да настапат познати уметници.
6.
Радио или телевизиска емисија на определена фреквенција.
Англиски:
programme
Радио Скопје, прва програма.
Преносот на натпреварот ќе можете да го следите на втората програма.
7.
Упатства на компјутерот за извршување определени операции.
Слично со:
софтвер (м.)