прост
прости
Вид збор: Придавка
Ранг: 2155
1.
Што е едноставен, што не е сложен, што може лесно да се разбере, да се сфати.
Англиски:
simple
Албански:
i thjeshtë
проста работа
2.
Што е едноставен по структура, по направа.
Англиски:
uncomplicated
Албански:
i thjeshtë
прост механизам
прости тела
Спротивно од:
комплициран (прид.)
3.
Едноставно направен, грубо изработен, што не е скап, без многу украси.
Англиски:
coarse
Албански:
i thjeshtë
прост кревет
проста маса
Слично со:
груб (прид.)
4.
Обичен, со ниско потекло, без некој ранг.
Англиски:
common
Албански:
i thjeshtë
прост војник
прости народни маси
прост работник
Слично со:
обичен (прид.)
5.
Глуп или необразован, наивен, лековерен, со ограничени умствени способности.
Англиски:
uneducated
Албански:
i pagdhendur
прост човек
Не е толку прост како што се чини на прв поглед.
6.
Груб, без префинети манири.
Англиски:
rude
Албански:
i pagdhendur
7.
Обичен, секојдневен, што не се изделува со нешто од другите.
Примери:
Тоа беше едно обично просто писмо.
Слично со:
секојдневен (прид.)
Изрази
Со просто око - со голо око, без очила, двоглед, без помошни инструменти.
Прост како грав (леќа) - многу глуп, едноставен.
(мат.) Прост број - број што е делив само со самиот себе и со единица.
(биол.) Проста делба - Размножување на организмите со делење на клетката на две нови клетки.
(грам.) Проста реченица - реченица со еден подмет и еден прирок.
(астр.) Проста година - година што има 365 дена.
(спорт.) Прости вежби - вежби што се изведуваат без реквизити.
Од проста причина - јасно, видливо поради нешто настанало или се случило.
Изведенки
простичок прид.
простичкиот
дем.
простичкиот
дем.