простодушен
простодушни
Вид збор: Придавка
Ранг: 18519
1.
Што е добродушен, добар, искрен.
Примери:
Простодушно момче со чисто срце.
Тој беше простодушен, сочувствителен со несреќата на другите.
2.
Што изразува добродушност, отворен.
Примери:
Простодушна насмевка.
Изведенки
1.
простодушно прил.
Пример:
Прашуваше за се така простодушно.