а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пуст

пусти
Вид збор: Придавка
Ранг: 1133
1. Кој со ништо не е исполнет, без луѓе.
Англиски: deserted Албански: i shkretë, i pabanuar
Примери:
пуст остров
2. напуштен
Англиски: deserted Албански: i braktisur
Примери:
пуст град
пуста куќа
пусти улици
3. Опустошен, разрушен, искраден од непријател, разбојници.
Англиски: empty Албански: i shkretë
Примери:
Зад нив сè е пусто.
Замјата остана пуста.
4. Празен, неисполнет со содржина.
Англиски: worthless Албански: i kotë
Примери:
Животот му остана пуст и празен.
5. За земја - необработлива, неплодна или што не е обработена.
Англиски: fallow Албански: i shterp
Примери:
пусти полиња
пуста земја
6. неостварлив, залуден
Англиски: futile Албански: i kotë
Примери:
пусти желби момински
пусти ветувања
7. клет, јаден
Англиски: wretched Албански: i shkrtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што ќе прави пустата вдовица со толку ситни дечиња.
8. омразен, несакан
Англиски: damned Албански: i mallkuar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Аман од тие пусти гости.
Пусти пари не стигаат.
пуста болест
пуста младост
Од таа пуста ракија пропадна човекот.
9. Што предизвикува чудење, восхит, за потсилување на квалитетот на тоа што се истакнува.
Албански: goxha
Примери:
Што имаше еден пуст глас (става, очи, веѓи).
Изрази
Пуста да (ти) остане! - клетва; проклет.
Пусто дрво! - закана со ќотек.
Пусто бело видело што е мило! - нема ништо помило од животот.
Пусто бело видело што е мило! - нема ништо помило од очите.
Пусто говедо - сам е на светот, без никој нигде.
(посл.) Пуста лага, две куќи запустува - кој лаже, тој и краде, и страда, и куќата на тој што лаже, и таму каде што лаже и краде.