а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

радува

радуваат; (се) радувал; радувајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1330
1. Причинува радост, задоволство.
Англиски: make happy Албански: gëzon
Примери:
Тоа ме радува.
И победата не го радуваше.
2. (се радува) Преживува радост, пројавува радост, се наоѓа во весело настроение.
Англиски: enjoy Албански: gëzohem
Примери:
Многу се радувам
Готов беше да се радува на најмал успех.
Изрази
(разг.) Се радува како премрзнат на сонце.