распекмези
распекмезат; распекмезил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 56111
1.
разгали, распушти
Примери:
Родителите го распекмезиле.
Ги распекмезија децата.
2.
(се распекмези) се разгали, се распушти
Примери:
Девојката се распекмези, не се трпи.
Изведенки
1.
распекмезува несв.
(се) распекмезуваат
2.
распекмезување ср.
глаг. им.