секира
мн. секири
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1898
Примери:
Изрази
(посл.) Не плаче гората од секирата, ами од рачката (држалото).
Заранет на секира - многу лош човек, според обичајот куче да се зарани на секира за да биде лошо.
Ќе падне секирата, ќе го отепа нероден Петко - кога однапред се предвидуваат лоши работи кои можеби нема да се случат.
(ирон.) Плива како секира по вода - не знае да плива.