симфонија
мн. симфонии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11086
1.
Големо музичко дело за оркестар што се состои обично од 3-4 дела.
Примери:
Патетичната симфонија од Чајковски.
Петтата симфонија од Бетовен.
Вид: композиција (ж.)
2.
Хармонично слевање на множество разнообразни звуци, тонови и сл.
Примери:
Само реката си ја свиреше својата симфонија.