сито
  
     
     
  
  
      
          
             мн. сита
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 9895
	    
	
    
    
      
          1.
          Направа за сеење брашно и сл. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Јадро, ситно сито. 
	              
	            
	          
	            
	              Свилено сито.
	              
	            
	          
	            
	              (нар. поез.) Без сито да го отсееш, / без огин да го испечеш. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Пречка што се надвива тешко. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој испит е големо сито.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            (разг.) Поминал и сито и решето - доживеал многу.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        