скисне
(се) скиснат; скисни, скиснете; скиснав, скиснаа; скиснал; (ќе) скиснев, (ќе) скиснеа; (ќе) скиснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 31388
1.
За тесто - нарасне под дејство на квасец.
Примери:
Тестото уште не скиснало.
Лебот скиснал, втасал за печење.
2.
За храна - се скисели, добие лош вкус, се расипе.
Примери:
Скиснало виното.
Манџата се скиснала.
Слично со:
скисели (св.)
3.
се онерасположи, се намршти
Примери:
Што си се скиснал?
Се скисна кога ја прими лошата вест.
Слично со:
намурти (св.)
4.
Многу долго заседне, остане некаде.
Примери:
Оди, викни го, скисна таму.
Изрази
(разг.) Да ти скисне расолот! (блага клетва)