скокне
скокнат; скокни, скокнете; скокнав, скокнаа; скокнал; скокнат; (ќе) скокнев, (ќе) скокнеа; (ќе) скокнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1857
1.
Направи движење со скок.
Англиски:
jump
Скокна од креветот и почна да се облекува.
Војникот скокна на нозе и застана во став мирно.
Таа скокна од столот.
Слично со:
рипне (св.)
2.
Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл.
Примери:
Скокна во далечина.
Ватерполистите скокнаа во водата.
4.
Намине на кратко време кај некого, појде по нешто.
Примери:
Ќе скокнам до моите да ги видам.
Скокна до дуќанот по леб.
5.
Се измени реско.
Примери:
Скокнаа цените.
Цената на оризот скокна оваа сезона.
Изрази
Прво скокни, па речи оп - прво сврши ја работата, па потоа пофали се.
Му скокнале акциите некому - му се качила вредноста, средината повеќе го цени.