а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скокне

скокнат; скокни, скокнете; скокнав, скокнаа; скокнал; скокнат; (ќе) скокнев, (ќе) скокнеа; (ќе) скокнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1857
1. Направи движење со скок.
Англиски: jump
Примери:
Скокна од креветот и почна да се облекува.
Војникот скокна на нозе и застана во став мирно.
Таа скокна од столот.
2. Изведе скок во спортска дисциплина, при вежба и сл.
Англиски: jump
Употреба: Спорт
Примери:
Скокна во далечина.
Ватерполистите скокнаа во водата.
3. Се нафрли некому.
Англиски: jump
Примери:
Скокнаа да ги тепаат.
4. Намине на кратко време кај некого, појде по нешто.
Англиски: visit
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе скокнам до моите да ги видам.
Скокна до дуќанот по леб.
5. Се измени реско.
Англиски: rise
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скокнаа цените.
Цената на оризот скокна оваа сезона.
Изрази
Прво скокни, па речи оп - прво сврши ја работата, па потоа пофали се.
Му скокнале акциите некому - му се качила вредноста, средината повеќе го цени.