а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слаб

слаби
Вид збор: Придавка
Ранг: 1142
1. Кој нема доволно физичка сила; кој е со опаднати физички сили; кој не е наполно здрав.
Англиски: weak Српски: слаб Албански: i hollë Бугарски: слаб
Употреба: Медицина
Примери:
Децата се уште мали и слаби.
слаби мускули
Стариот е многу слаб.
слабо срце
слаби нерви
(разг.) слаб пол
слаба страна
слабо место
2. Кој е танок, сув, мршав.
Англиски: thin
Примери:
Сè си е таква: ситна и слаба, но сосем здрава.
3. Кој е лишен од тврдост, упорност.
Англиски: weak
Примери:
слаба волја
слаб карактер
4. Кој нема значителни можности и способности за напад или одбрана.
Англиски: weak
Примери:
слаба армија
слаба држава
5. Кој нема голема сила, енергија; кој е незначителен по своето дејство; кој е ненаситен, редок.
Англиски: weak
Примери:
слаба струја
слаба машина
слабо средство
слаби лекови
слабо вино
слаб раствор
6. Кој не е голем по сила, напрегање; кој не е: интензивен, длабок, јасен; кој не трае долго.
Англиски: weak
Примери:
слаба светлина
слаб пулс
слаб удар
слаби траги
слаби впечатоци
слаби материјали
слабо платно
7. За растителност, за земја - кој не расте добро, кој не дава добар плод.
Англиски: meager
Примери:
слабо лозје
слаба земја
8. Кој е недоволен по количество, по квалитет.
Англиски: insufficient
Примери:
слаб дожд
слаба жетва
слаба исхрана
слаб ручек
9. Мал, незначителен, недоволен, несолиден; недоволно обоснован.
Англиски: little
Примери:
слаби надежи
слаба утеха
слаба корист
слаба дисциплина
слаба контрола
слаби докази
10. Кој лошо ја исполнува својата работа.
Англиски: bad
Примери:
слаб ученик
слаб клас
слаб колектив
слабо претпријатие
11. Кој е пристрастен, расположен кон нешто, обично лошо.
Англиски: weak
Примери:
Слаб спрема виното.
Слаб спрема жените.