слика
сликаат; сликал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3987
1.
Создава, црта слики со молив, туш, бои и сл.
Примери:
Сликаше во природна големина.
Слично со:
црта (несв.)
2.
Црта, опишува со зборови.
Примери:
Го слика нашето село во втората половина на минатиот век.
3.
Претставува во мислите.
Примери:
Си ја сликаше во фантазијата средбата со неа.
4.
фотографира, снима
Англиски:
photograph
Албански:
fotografon
Ги сликаше сите по ред.
Слично со:
фотографира (св. и несв.)
5.
(се слика) Ја црта својата слика.
Албански:
pikturohet
Стариот уметник се сликаше самиот себеси.
6.
(се слика) Се појавува како во огледало.
Англиски:
reflect
Албански:
pasqyrohet
Стариот даб се сликаше во водата пред него.
Слично со:
огледува (несв.)
7.
(се слика) Се претставува во фантазијата.
Примери:
Во мислите му се сликаше татковиот дом.
8.
(се слика) се фотографира, се снима
Англиски:
photograph
Албански:
fotografohet
Најпосле се сликаа и отидоа.