а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спори

спорат; спорам, спориме; спореа
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9386
1. Води спор, спротивставува свое мислење, се расправа.
Англиски: dispute Албански: kundërshtoj, polemizoj
Примери:
Спориме по некои прашања од науката.
Споревме, но сепак се сложивме.
2. (се спори) Води правен спор, се суди со некого.
Англиски: contest Албански: kontestoj, mohoj
Употреба: Правда
Примери:
Се спореа непотребно.
Се спореа долго време околу меѓите.
3. задоволува, стигне
Англиски: suffice Албански: mjaftoj, kënaq
Употреба: Разговорно
Примери:
Лебов ќе ни спори два дена.