стесни
стеснат; стеснал; стеснет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12582
1.
Направи нешто да стане потесно.
Примери:
Ми ги стесни панталоните.
Со своето држење, тој го стесни кругот на пријателите.
Плоштадот стеснет во бронзени окови.
Спротивно од:
рашири (св.)
2.
Ограничи слобода, права и сл.
Примери:
Законот му ги стесни овластувањата.
3.
Збере повеќе луѓе на едно место.
Примери:
Неговото враќање од војска уште повеќе нѐ стесни во куќата.
4.
(се стесни) Стане потесен.
Англиски:
narrow
Албански:
ngushtohet
Се стесни облеката.
Се стесни кругот на посетителите.