суд
мн. судови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 451
1.
Државен орган што разгледува граѓански и кривични спорови.
Примери:
на заседанието на врховниот суд
народен суд
стопански суд
(црковно) Страшниот суд
2.
Разгледување дела од оваа институција.
Примери:
За таа работа ќе оди на суд.
Судот од бога е оставен (посл.).
Слично со:
судење (ср.)
3.
Општествен орган избран од членови на некој колектив, организација и сл.
Англиски:
mediation,
arbitration
Албански:
ndërhyrje
дисциплински суд
другарски суд
суд на честа
4.
Целиот состав што разгледува едно дело, судиите.
Примери:
Судот се повлече на советување.
5.
Зградата во која се суди, судилиште.
Примери:
Точно во десет часот беа во судот.
Слично со:
судница (ж.)
6.
мислење, заклучок, оценка
Примери:
Судот на критиката.
Судот на јавноста.
Судот на публиката.
Слично со:
оценка (ж.)
Изрази
Соломонски суд - мудар, праведен суд.
Божји суд - според религиозното верување, казна што ја одредува Господ за сторените гревови.
Страшниот суд (црков.) - последен суд, по второто пришествие, на крајот на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите.