терезија
мн. терезии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12935
1.
Направа за мерење тежина, со лост и два таса.
(разг.) Рака не е терезија, да би можела се точно да поделам, на сите да угодам.
Слично со:
вага (ж.)
2.
Ѕидарска направа за мерење на хоризонтална положба.
3.
Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 24 септември до 23 октомври.
Вид: соѕвездие (ср.)