Безлично - категорија

наблагне повеќе

Види и: наблажне (св.)
наблагнат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му) наблажне

наблажне повеќе

наблажнат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му) Почувствува од нешто малку благ вкус.
Англиски: sweeten
Примери:
Ми наблажна виното.

навири повеќе

навират
Вид збор: Глагол, свршен
Насобере вода на едно место, направи вир.
Англиски: gush Албански: mbledh, akumuloj
Примери:
Почекавме да се навири вода во кладенчето.

нароси повеќе

наросат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3 л.) Падне роса врз некого, врз нешто.
Англиски: sprinkle Албански: lag vesa
Примери:
Не излегувај, надвор роси, ќе те нароси.

натекне повеќе

натекнат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3 л.) Се досети, се сети за повеќе нешта.
Примери:
Ми натекна сѐ што му кажав тогаш.

нема повеќе

немаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(немаше, немало) Не суштествува, не постои, не се наоѓа воопшто.
Англиски: doesn't exist Албански: nuk ekziston
Примери:
Во селото нема млади луѓе.
Не е присутен, не е на местото каде што се очекува.
Англиски: absent Албански: mungon
Примери:
Го нема на работа.
Во состав со да и глагол образува негирано идно, минато-идно и идно прекажано време.
Албански: nuk do të
Примери:
Нема да дојде.
Со глаголска именка - нема одење кога се отфрла (се забранува, се одлага) вршењето на глаголското дејство што го означува таа.
Албански: nuk-
Примери:
Нема јадење сега, прво да доработиме.

нефер повеќе

Вид збор: Придавка
Што не е фер.
Англиски: unfair
Примери:
нефер распределба на приход
б - в - г - д - з - и - ј - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ч