а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

има

имаат; имам, имаме, имајте; имав, имал, имало, имаше, имавме, имале; имаа; имајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17
1. Поседува нешто во материјална смисла, е сопственик на нешто.
Англиски: possess Албански: posedon
Примери:
Имаме голема куќа.
Тој има многу пари.
2. Е имашлив, богат.
Англиски: have Албански: i pasur
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој што има, не знае што е сиромаштија.
3. Поседува нешто како дел од себе или носи на себе, со себе.
Англиски: have Албански: posedon
Примери:
Има нозе.
Има крила.
Има очила.
Има обетки.
Има шамиче.
Има рачка.
Палтото има џебови.
Станот има три соби.
Куќата има големи прозорци.
4. Располага со нешто, е во некакви околности.
Англиски: possess Албански: posedoj
Примери:
Има работа.
Има власт.
Има услови за работа.
Има обврски.
Има посета.
Има гости.
5. Се одликува со нешто, со некоја особина.
Англиски: have Албански: dallon
Примери:
Има смелост.
Има волја.
Има авторитет.
Има среќа.
Има дарба.
Има страв.
6. Е во некаква состојба.
Англиски: have Албански: gjendje
Примери:
Има температура.
Има главоболка.
Има грип.
Има грижи.
7. Е во роднинска врска.
Англиски: have Албански: farefis
Примери:
Има брат.
Има снаа.
Има семејство.
8. Е во близок однос или во некаква врска со некого или со нешто.
Англиски: have Албански: i afërt
Примери:
Има пријатели.
Имам добар учител.
Има куќна помошничка.
Имаме ново училиште.
Имам трамвај во близината.
9. Редовно или повремено добива, прима нешто.
Англиски: have Албански: rregullisht
Примери:
Има плата.
Има пензија.
Има хонорар.
Има добри примања.
Има пошта секоја недела.
10. Е изразен во определена мера.
Англиски: have Албански: shprehet
Примери:
Има пет литри.
Има седум метри.
Има девет години.
11. Во состав со предлогот „за“ и глаголска именка.
Англиски: have Албански: kam
Примери:
Имам за учење.
Што имате за домашна работа?
Имаме уште многу за копање.
12. Е на располагање, суштествува.
Англиски: exist Албански: disponim
Употреба: Безлично
Примери:
Има ли нешто?
Има време.
Има многу народ.
Имало правда.
Има бог.
Има спас.
Во тоа има нешто.
13. Во одделни изрази со да - конструкција означува постоење или можност за извршување на дејството.
Англиски: have Албански: bëj
Примери:
Има што да работи.
Има кого да праша.
Има каде да купи.
Има со кого да се врати.
14. За изразување строга заповед или цврста решеност.
Англиски: have Албански: detyroj
Примери:
Има да одиш и да нејќеш.
Има да го купам, па и сите пари да ги дадам.
15. Како помошен глагол (во сложени форми од типот: има купено, имаме купено, имал купено итн.) ги означува временските и начинските категории на дејството означено со глаголската придавка.
Англиски: have Албански: e kam
Примери:
Таа книга и јас ја имам купено.
Имам дојдено многупати кај нив на гости.
16. (преод.) Сака некого, почитува, го чувствува близок.
Англиски: consider Албански: konsideron
Примери:
Го има како татко.
17. (се има) се сакаат, се почитуваат
Англиски: consider Албански: respekt
Примери:
Се имаме како сестри.
Изрази
(ирон.) (Ќе) има да зема - нема да добие ништо.
Има три чисти - смее да стори нешто.
Има црно на бело - има писмени докази за нешто.
Што има, што нема - што има ново, што се случува.