Безлично - категорија

дени повеќе

(се) денеше
Вид збор: Глагол, несвршен
раздени, се разденува
Англиски: brighten Албански: zbardh, ndrit, agon

дожали повеќе

Види и: жали (несв.)
дожалат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му... се дожали) чувствува жал
Англиски: pity Албански: ndiej pikllim
Примери:
Му се дожали за сопругата и реши да се смири со неа.

дожди повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Врне, паѓа дожд.
Англиски: rain
Примери:
Во квечерината дождеше ситно, а баба ми ми раскажуваше приказни.

дожегне повеќе

дожегнат
Вид збор: Глагол, свршен
ме (те, го ...) Почувствува остра болка, штрекне.
Албански: djeg
Примери:
Кога се наведнав, ме дожегна некаде во 'рбетот.

дожеже повеќе

(ми) дожежат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува силна топлина.
Англиски: feel hot Албански: djeg
Примери:
Наеднаш му дожежа и ги тргна прстите од печката.

дозамрачи повеќе

Види и: замрачи (св.)
(се) дозамрачило
Вид збор: Глагол, несвршен
Се замрачи сосема, до крај.
Англиски: darken
Примери:
Се дозамрачи и излеговме од скривницата.

дојаде повеќе

Види и: јаде (несв.)
дојадат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му се дојаде) Ми дојде желба за јадење, ми се пријаде.
Англиски: eat Албански: më hahet
Примери:
Му се дојаде кога го почувствува мирисот на печени костени.

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му ...) Добие некакво расположение.
Англиски: feel Албански: i erdh
Примери:
Му дојде жал.

долути повеќе

Види и: лути (несв.)
(му) долутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува лут вкус.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Ми долути од пиперката.
Почувствува лута надразба, печење во некој дел од телото.
Англиски: irritate Албански: djeg
Примери:
Му долути во очите од чадот.

доплаче повеќе

доплачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се доплаче) Престане да плаче.
Англиски: stop crying Албански: qaj shumë
Примери:
Ми (ти, му...) се доплаче безл.

достуди повеќе

достуде
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува студ, му (ми, ти...) стане студено.
Англиски: freeze
Примери:
Мене ми достуде.

дотажи повеќе

дотажат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му... се дотажи) Ми стане тажно.
Англиски: mourn Албански: mërzitem, më vjen keq
Примери:
Ми се дотажи за либето.
б - в - г - д - з - и - ј - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ч