Дипломатија - категорија

велесила повеќе

мн. велесили
Вид збор: Именка, женски род
Држава што се вбројува меѓу најсилните во светот, меѓу оние што решаваат за меѓународните односи.
Англиски: super power
Примери:
Договорот го пошпишаа големите велесили.

великодржавен повеќе

великодржавниот
Вид збор: Придавка
Што е својствен за голема држава.

вето повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Право на поединец или држава да се спречи донесување на некој заклучок или одлука.
Англиски: veto Албански: veto
Примери:
Само неколку држава имаат право на вето.

виза повеќе

мн. визи
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола од странска влада за престој, влез или за премин низ нејзината земја.
Англиски: visa Албански: vizë
Примери:
Влезна виза.

визен повеќе

визниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на виза.
Примери:
визен режим

визира повеќе

визираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави, става виза на пасош, на патна исправа.
Англиски: visa Албански: vë vizë
Примери:
Нашите пасоши ги визира грчкиот конзулат во Скопје.

вонблоковски повеќе

вонблоковскиот
Вид збор: Придавка
Што не припаѓа, не е поврзан со воено-политички блок.
Англиски: nonaligned
Примери:
Вонблоковска политика.

вршител повеќе

мн. вршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши некаква работа; тој што врши некоја должност.
Англиски: officer
Примери:
Вршител на работи во амбасадата.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х