Дипломатија - категорија

разграничување повеќе

Види и: разграничува (несв.)
разграничувањето
Вид збор: Именка, среден род
(се) разграничува
Англиски: demarcation
Примери:
Строго разграничување.

разоружување повеќе

разоружувањето
Вид збор: Именка, среден род
(се) разоружува
Англиски: disarmament
Примери:
Борба за полно разоружување.

ратификација повеќе

(едн.) ратификацијата
Вид збор: Именка, женски род
Потврдување на меѓународен договор од страна на врховната државна власт.
Англиски: ratification
Примери:
Ратификација на договорот за економска соработка.

ратификационен повеќе

Види и: ратификација (ж.)
ратификациони
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ратификација.
Англиски: ratificational
Примери:
Ратификациони документи.

ратификува повеќе

ратификуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува ратификација.
Англиски: ratify
Примери:
Собранието го ратификува договорот.

ратификување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ратификува
Англиски: ratification

ратифицира повеќе

Види и: ратификува (св. и несв.)
ратифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
ратификува
Англиски: ratify

ратифицирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ратификување
Англиски: ratification

ревокација повеќе

мн. ревокации
Вид збор: Именка, женски род
Во дипломатијата - отповикување на пратеник или друг официјален претставник од друга држава во својата земја.
Англиски: revocation

резидент повеќе

мн. резиденти
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатски претставник по ранг понизок од пратеник.
Англиски: resident Албански: rezident

резолуција повеќе

мн. резолуции
Вид збор: Именка, женски род
Заклучок на состанок, конгрес, собрание и сл.
Англиски: resolution Албански: rezolutë
Примери:
протестна резолуција

ремилитаризација повеќе

(едн.) ремилитаризацијата
Вид збор: Именка, женски род
Повторна милитаризација, вооружување на територија порано разоружена.
Англиски: remilitarization
Примери:
Ремилитаризацијата на Германија.

ремилитаризира повеќе

ремилитаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подлага на ремилитаризација.

репарација повеќе

мн. репарации
Вид збор: Именка, женски род
Надомест на штета причинета во војна, што му ја плаќа победениот на победникот, воена отштета.
Англиски: reparation Албански: reparacion, meremetim, riparim
Примери:
Репарации за Втората светска војна.

репатријација повеќе

(едн.) репатријацијата
Вид збор: Именка, женски род
Враќање во татковината на иселеници, емигранти, заробеници и сл.
Англиски: repatriation
Примери:
Апелот како и многупати досега така и на ова Генерално собрание, е репатријација, враќање на родните огништа.

репатрира повеќе

репатрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врати, враќа некого во татковината од емиграција, заробеништво; изврши, извршува репатријација.
Англиски: repatriate Албански: riatdhesoj

репресалии повеќе

репресалиите
Вид збор: Именка, множина
Казнени мерки применувани од една држава како одговор на противправни дејства на друга држава; присилни мерки, одговор на сила со сила, казнен потфат.
Англиски: reprisal
Примери:
Репресалии над мирното население.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х