Дипломатија - категорија

декларација повеќе

мн. декларации
Вид збор: Именка, женски род
Официјална или свечена изјава, проглас за основните принципи и ставови што се однесуваат на некое многу важно прашање.
Англиски: declaration Албански: deklaratë
Примери:
Декларација за правата на човекот.

демаркација повеќе

мн. демаркации
Вид збор: Именка, женски род
Гранична линија и разграничување, утврдување на гранична линија меѓу држави или завојувани страни.
Англиски: demarcation
Примери:
основна демаркација

демаркационен повеќе

демаркациони
Вид збор: Придавка
Што е граничен, пограничен, што е во служба на демаркација.
Примери:
Демаркациона линија.

демарш повеќе

мн. демарши
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатска постапка или дипломатско дејство во странска држава заради некој протест или барање.
Англиски: demarche
Примери:
Демаршот за новиот амбасадор е инфантилен акт.

демисија повеќе

мн. демисии
Вид збор: Именка, женски род
Оставка од служба, откажување од понатамошно вршење на некоја служба.
Англиски: resignation
Примери:
Поднесе молба за демисија.

демисионира повеќе

демисионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поднесе, поднесува оставка на служба или на звање.
Англиски: resign Француски: démissionner Албански: demisionoj

депеша повеќе

мн. депеши
Вид збор: Именка, женски род
Итен дипломатски извештај.
Англиски: dispatch Француски: dépêche Албански: telegram, depesh

дестабилизација повеќе

мн. дестабилизации
Вид збор: Именка, женски род
Растројство во економијата, во општеството, во моралните норми, во безбедноста на земјата.
Англиски: destabilization Албански: destabilizim
Примери:
Дестабилизација на државата.

детант повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Попуштање на напнатоста во меѓународните односи, намалување на опасноста од војна.
Англиски: détente Француски: détente

диктат повеќе

мн. диктати
Вид збор: Именка, машки род
наложување, притисок, присилување
Англиски: dictate Албански: diktat
Примери:
Договорот беше потпишан под диктат.

дипломат повеќе

мн. дипломати
Вид збор: Именка, машки род
Висок службеник во надворешнополитичката служба што ја претставува својата држава во официјалните односи со други држави.
Англиски: diplomat Албански: diplomat
Примери:
австриски дипломат

дипломатија повеќе

(едн.) дипломатијата
Вид збор: Именка, женски род
Правила, начела и начини на дејствување на една влада во областа на надворешната политика, вештина за водење на надворешната политика.
Англиски: diplomacy Албански: diplomaci
Група луѓе што се во надворешнополитичка служба на една држава.
Англиски: diplomacy Албански: diplomat

дипломатски повеќе

дипломатскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дипломат и на дипломатија.
Англиски: diplomatic
Примери:
Дипломатско претставништво.

доајен повеќе

мн. доајени
Вид збор: Именка, машки род
Најстар или најугледен член на дипломатски кор или на некој друг угледен собир, колектив и сл.
Англиски: eldest
Примери:
доајен на меѓународната дипломатија

доминион повеќе

мн. доминиони
Вид збор: Именка, машки род
Самоуправна, независна територија со свои органи на власта која влегува во составот на Британската Империја; поранешна британска колонија.
Англиски: dominion
Примери:
Во државно-правен поглед Австралија имаше сличен развиток како и другите доминиони.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х