Екологија - категорија

дабјак повеќе

мн. дабјаци
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со млади дабови.
Англиски: oak grove
Примери:
Ниските дабјаци ги покриваа доловите.

дабрава повеќе

мн. дабрави
Вид збор: Именка, женски род
Млада густа шума, обично дабова.
Англиски: forest
Примери:
Ги исплашивме враните во дабравата.

депонија повеќе

мн. депонии
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се исфрла градското ѓубре.
Англиски: dump, landfill Албански: gropë mbeturinash

дератизација повеќе

мн. дератизации
Вид збор: Именка, женски род
Уништување штеточинци и инсекти со помош на хемиски средства.
Англиски: pest control
Примери:
Покрај прскањето против комарци, ќе се изврши и комплетна дезинфекција и дератизација.

диоксид повеќе

мн. диоксиди
Вид збор: Именка, машки род
Оксид на хемиски елемент.
Англиски: dioxide Албански: dioksid
Примери:
Зголемените концентрации на јаглероден диоксид во воздухот предизвикуваат дразнење на носот и на очите и печење во дишните патишта.

дрвокрадец повеќе

мн. дрвокрадци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што недозволено сече или краде дрва во шума.
Примери:
Дрвокрадци турнаа џип на шумската полиција во ендек.

думан повеќе

мн. думани
Вид збор: Именка, машки род
Облак од чад, густ чад.
Англиски: smoke Турски: duman Албански: duman, mjegull tymi
Примери:
Пламни и думани се креваа до небо.
Облак од прав, многу прав.
Англиски: smog Албански: smog, mjegull
Примери:
Думани се креваат по колите.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш