dump - онтологија

боклук повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
ѓубре, буниште, отпадоци
Турски: bokluk
Употреба: Разговорно

буниште повеќе

мн. буништа
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се исфрла гнојот, ѓубрето од шталата.
Употреба: Екологија
Примери:
Ја рине пондилата, го изнесува гнојот на буниште, им дроби зелје на свињите.

гровне повеќе

гровнат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне со тресок, се струполи.
Албански: përplas
Примери:
Покривот на старата куќа гровна.

депонија повеќе

мн. депонии
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се исфрла градското ѓубре.
Албански: gropë mbeturinash
Употреба: Екологија

ѓубриште повеќе

мн. ѓубришта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се фрла ѓубрето.
Турски: gübrelik Албански: plehrishte
Употреба: Екологија

изметиште повеќе

мн. изметишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се исфрла смет.

отпад повеќе

(едн.) отпадот
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се фрлаат отпадоци.
Албански: deponi
Употреба: Екологија
Примери:
Храната со изминат рок се фрла на отпад.

сметиште повеќе

мн. сметишта
Вид збор: Именка, среден род
буниште, ѓубриште
Употреба: Екологија , Ретко

струпа повеќе

струпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натовари некого со многу задачи.
Албански: ngarkoj
Примери:
Сета работа ја струпаа на него.
(се струпа) Се фрли, падне на некого.
Албански: hudhë
Примери:
Бев согласен сето тоа да се струпа на мене.

трати повеќе

тратат
Вид збор: Глагол, свршен
Треснува, удира (од земја).
Албански: përplas
Примери:
Та ме трати со јуначка сила (поет.)