forest - онтологија

гора повеќе

мн. гори
Вид збор: Именка, женски род
Место обраснато со дрвја.
Српски: шума Албански: pyll Бугарски: гора Грчки: δάσος
Употреба: Екологија
Примери:
јаворова гора

дабрава повеќе

мн. дабрави
Вид збор: Именка, женски род
Млада густа шума, обично дабова.
Употреба: Екологија
Примери:
Ги исплашивме враните во дабравата.

орман повеќе

мн. ормани
Вид збор: Именка, машки род
Многу густа шума.
Турски: orman Албански: pyll i dendur
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
Со кози в орман дали си одел?

шума повеќе

мн. шуми
Вид збор: Именка, женски род
гора
Албански: pyll
Употреба: Ботаника
Примери:
борова, букова, дабова шума

шумски повеќе

шумска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шума, гора.
Примери:
Шумски поток, шумски пат и сл.