Иронично - категорија

наводници повеќе

наводниците
Вид збор: Именка, множина
Во наводници - сомнителен.
Англиски: suspicious, allegedly Албански: në thonjëza, i dyshimt

наврека повеќе

(се) наврекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За дете, човек - се наплака, се навика.
Англиски: shriek Албански: vikat, sokëllij

накоти повеќе

накотат
Вид збор: Глагол, свршен
Народи многу деца во едно семејство.
Албански: lind shumë fëmijë

написание повеќе

мн. написанија
Вид збор: Именка, среден род
Напис, текст.

наседне повеќе

наседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поверува во некоја лага, стане жртва на измама.
Англиски: set up Албански: grackë
Примери:
Како можел да му верува, толку лесно да наседне!

натчовек повеќе

мн. надлуѓе
Вид збор: Именка, машки род
Лице што си замислува дека ги надминува другите.
Англиски: superman Албански: mbinjeri

недокрстен повеќе

недокрстениот
Вид збор: Придавка
Неразумен, неразбран, лош по карактер.
Примери:
Таков беше недокрстен човекот, песосан.

новоговор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Нов, политички створен јазик.
Англиски: newspeak
Примери:
Ова што тој го зборува личи на новоговор.
а - б - в - г - д - з - ѕ - и - ј - к - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ш