Религија - категорија

ИВЗ повеќе

Вид збор: Скратеница
Исламска верска заедница
Англиски: Islamic Religious Union

идол повеќе

мн. идоли
Вид збор: Именка, машки род
Предмет, фигура што е симбол на виша сила, и поради тоа е предмет на обожување.
Англиски: idol Албански: idol
Примери:
Не прави идол или слика на она што е горе на небото.

идолатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
идолопоклонство
Англиски: idolatry

идолопоклоник повеќе

мн. идолопоклоници
Вид збор: Именка, машки род
Поклоник на идоли.
Албански: idhujtar

идолопоклонство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Почитување, клањање пред идоли.
Англиски: idolatry Албански: idhujtari

Израил повеќе

Вид збор: Име
Библиско име за Израел.
Англиски: Israel

икиндија повеќе

(едн.) икиндијата
Вид збор: Именка, женски род
Трета дневна молитва кај муслиманите (во попладневните часови, пред зајдисонце).
Турски: ikindi Албански: iqindi

имам повеќе

мн. имами
Вид збор: Именка, машки род
Муслимански свештеник што го предводи групното клањање за време на молитвите во џамиите.
Англиски: imam Турски: imam Албански: imam
Лице што е верски образовано, но не е свештеник, а раководи со групното клањање за време на молитвите.
Англиски: imam Турски: imam Албански: imam
Титула на големите исламски научници.
Англиски: imam Турски: imam Албански: imam
Главно зрно во бројаницата.
Турски: imam

име повеќе

мн. имиња
Вид збор: Именка, среден род
именден
Англиски: name day Албански: ditë emri
Примери:
Вечер ќе одиме на име кај Никола.

индулгенција повеќе

мн. индулгенции
Вид збор: Именка, женски род
опроштение на гревови
Латински: indulgentia Англиски: indulgence
Примери:
Тие верата ја претвориле во бизнис, продавајќи им дури „индулгенции“.

инкарнација повеќе

мн. инкарнации
Вид збор: Именка, женски род
Појава на божество во облик на човек или на некое друго суштество.
Англиски: incarnation Албански: inkarnim, mishërim

инкарниран повеќе

Вид збор: Придавка
отелотворен, олицетворен
Англиски: incarnated

искупи повеќе

искупат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искупи) Добие прочистување на гревот, се избави од грев.
Англиски: do penance Албански: pendohem

искушеник повеќе

мн. искушеници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што служи во манастир и се подготвува да стане монах, калуѓер.
Англиски: novice
Примери:
Една година пред да стане монах, беше искушеник во манастирот.

ислам повеќе

(едн.) исламот
Вид збор: Именка, машки род
Монотеистичка религија што ја основал во 7 век, во Арабија, пророкот Мухамед, која се засновува врз учењето на Коранот (Куранот); муслиманска вера.
Англиски: Islam Турски: İslam Албански: Islami

исламизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Исламизирање, примање на исламот, преминување во ислам.
Англиски: islamization

исламизира повеќе

исламизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави некој да го прими исламот, нешто да стане исламско.

исламист повеќе

мн. исламисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со исламистика.
Англиски: islamist

исламистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Проучување на исламот.
Англиски: islamic studies

исламски повеќе

Види и: ислам (м.)
исламскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ислам.
Англиски: islamic
Примери:
исламски празници

исповеда повеќе

исповедаат
Вид збор: Глагол, свршен
Има некоја вера, е верник.
Англиски: confess Албански: rrëfej
Примери:
Која вера исповедаш?

исповедник повеќе

мн. исповедници
Вид збор: Именка, машки род
Свештеник што води исповед.
Англиски: pastor
Примери:
Таа го чекаше својот исповедник.

исповедувач повеќе

Види и: исповедник (м.)
мн. исповедувачи
Вид збор: Именка, машки род
исповедник
Англиски: pastor

ифтар повеќе

мн. ифтари
Вид збор: Именка, машки род
Прекинување на рамазанскиот пост после зајдисонце кај муслиманите.
Турски: iftar Албански: iftar
Вечера при рамазанскиот пост.
Турски: iftar Албански: iftar

ишала повеќе

Вид збор: Извик
Дај боже.
Англиски: so God will Турски: inşallah
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш